Шестмина од осомничените за случувањата во кумановската Дива населба денеска биле изведени пред јавен обвинител, но одбиле да дадат исказ. Според нивниот адвокат, Насер Рауфи, тие не сакале да проговорат, бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството.
Осомничените се изведените пред јавен обвинител после повеќе од два месеци откако беа уапсени. Нивната одбрана и досега се жалеше на одолговлекување на постапката, а и изрази сомнеж дека уапсените се жртви на вработени во УБК.
Осомничените за кумановскиот настан се наоѓаат во притвор во затворот во Шутка, а се товарат за тероризам. Тие ќе се согласат да дадат исказ, откако нивната одбрана ќе изврши увид во доказите.