Терористите од Куманово МОЛЧАТ – одбиле да дадат исказ за нападот во Диво Насеље


Шестмина од осомничените за случувањата во кумановската Дива населба денеска биле изведени пред јавен обвинител, но одбиле да дадат исказ. Според нивниот адвокат, Насер Рауфи, тие не сакале да проговорат, бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството.teroristi_predavanje

Осомничените се изведените пред јавен обвинител после повеќе од два месеци откако беа уапсени. Нивната одбрана и досега се жалеше на одолговлекување на постапката, а и изрази сомнеж дека уапсените се жртви на вработени во УБК.

Осомничените за кумановскиот настан се наоѓаат во притвор во затворот во Шутка, а се товарат за тероризам. Тие ќе се согласат да дадат исказ, откако нивната одбрана ќе изврши увид во доказите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1