Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 5:30 часот на магистралниот пат Струмица- граничен премин Ново Село.
Во несреќата дошло до судир меѓу товарно возило Мерцедес и автомобил Ауди А4, двете со струмички регистерски таблички.
Во несреќата на повредите им подлегнал 26-годишниот возач на Аудито Александар П. од струмичко Моноспитово. Со повреди се здобил неговиот сопатник М.К. кој е пренесен во струмичката болница.
Полицијата се уште извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин.