Тешка сообраќајка кај Тетово – загинаа две момчиња


Две момчиња загинаа, едно е потешко, а друго полесно повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случи на патот Тетово- село Пирок, кај Долно Палчиште.soobrakjajka

Според информациите од полицијата, возачот на автомобилот „БМВ“, 21-годишниот В.А. изгубил контрола над возилото, по што истото се превртело на кров. Во несреќата на лице место животот го загубија 20 годишниот Суат Е. и 23-годишниот Мирсад А.

Возачот со  тешки повреди е пренесен и задржан во Медицинскиот центар во Тетово, а со полесни повреди поминал четвртиот сопатник, Х.И. (20).

Увид извршиле екипи од СВР Тетово во присуство на јавен обвинител, а телата на починатите ќе бидат предадени на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1