Тешка сообраќајка кај Визбегово – Четворица повредени


Утрово околу 10 часот тешка сообраќајка се случи кај скопско Визбегово, на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце, при што се судриле камион „мерцедес“ и патничко возило „голф“, и двете со скопски таблички.nesrekja soobrakjajka policija pat

Во сообраќајката се повредени четири лица кои биле во автомобилот. Повредените се префрлени во Градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Поради увидот на полицијата, магистралата Скопје – Блаце е блокирана и возилата се пренасочуваат по алтернативните патишта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1