Тешка сообраќајка: Синот почина на лице место, таткото едвај се спаси


Околу 18 часот синоќа во Полициска станица -Виница, пријавен е несреќен случај на местото „Лисичка“ во атар на селото Градец.

25-годишниот И.Г. од селото Градец, управувајќи трактор „Фергусон“ со приколка натоварена со дрва излетал од шумскиот пат и од здобиените повреди починал на лице место.

На тракторот бил качен и неговиот татко, 54-годишниот Д.Г. кој се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помоше бил пренесен во Клиничка болница -Штип.

Увид на лице извршила екипа на Полициска станица Виница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1