Две лица се пресени во Ургентниот центар по сообраќајна несреќа која доцна попладнево се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, потврдуваат од полицијата за Курир.
Во Ургентниот центар биле примени М.Б. и Д.М., но засега нема информации за карактерот на нивните повреди.
Очевидци за Курир велат дека автомобил „Ауди“ излетал од патот, по што удрил во бандера и се забил во насип.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Kurir.mk