Тешка сообраќајка во Валандово: Почина маж, жена повредена


Осумдесет годишниот Т.Г. го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на регионалниот пат раскрсница Дојранска во Валандовоnesrekja soobrakjajka policija pat

Од МВР информираат дека несреќата се случила меѓу товарно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Л.П. (53) од с.Куклиш и автомобил „Застава 128“ управувано од Т.Г. (80).

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на Т.Г. и сопатничката Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде мажот им подлегнал на повредите.

На Р.Г. и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1