Триесет и четири годишниот Н.И. од Голема Речица вчера утрината отишол во куќата на поранешната сопруга во гостиварско Чегране.
-Пријавениот отишол во куќата кај неговата поранешна сопруга И. Ш. (35), физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди, имал сексуален однос, а потоа извадил и пиштол. После тоа И.Ш. пријавила во полициска станица, по што бил извршен увид на местото на настанот, и над истата бил извршен лекарски преглед, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.