Тетовирани велосипеди – Изложба каква што немало досега во Македонија (Фото)


Зошто да немате уникатен велосипед, да си го скроите по мерка? Во Скопје ќе има изложба токму со вакви ТЕТОВИРАНИ ВЕЛОСИПЕДИ. Навистина несекојдневно и интересно.

Организаторите велат дека како и самиот велосипедизам така и кастм велосипедизмот е начин на живот, можност за персонализација и впечаток.

Кастм велосипедот или велосипед по мерка, освен што нуди можност за прилагодување на рамот по мерка на велосипедистот, нуди можност и за персонализација на истиот, во смисол на тематски одбрана надградба или разубавување на велосипедот.

Изложбата е од 5-ти септември во склоп на Skopje Design Week во Куршумли ан, секој ден по 18 часот имате можност да проследите изложба на арт на велосипеди организирана од Dragon Custom.

Изложените велосипеди се кастимизирани во повеќе техники, меѓу кои и полиран челик, резба, рачно изработени железни украси, стенцил…

Изложбата ќе трае до 10 ти септември.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1