Тежок животот во Косово – по се се најлоши на Балканот


Косово е на првото место во регионот по негативни економски и социјални текови. Платите и пензиите се најниски, бројот на невработени е најголем, а цените на основните производи се приближуваат на европските.

Во Приштина, најголемиот град на Косово и Метохија, за една личност за храна во месецот потребни и се 93 евра, односно два пати повеќе од просечната пензија. Платата во јавниот сектор изнесува 260 евра.

Албанците се согласуваат во оценката дека животот е тежок, дека примањата се ниски и дека повеќе се преживува него што се живее.

Оваа година, приштинската влада ја зголемила пензијата за 11 отсто, а платите на јавните службеници се исти како и пред една година.
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Косово, Сафет Грџалиа, вели дека околу 350,000 луѓе живеат од социјална помош која е мизерна.


„Податоците дека 17,8 проценти од жителите живеат со помалку од едно евро дневно, а 45 % кои се без работа, е доволен индикатор кој покажува колку е тешка социјалната состојба“, објаснува Грџалиа.
На Косово и Метохија во самиот финиш се приватизациите на најголемите компании, Телеком и Електростопанство.

Досегашната приватизација, без работа остави повеќе од 76,000 работници. Албанците немаат ништо против приватизацијата, туку против крадењето, затоа што, имено политичарите, како што велат граѓаните, се збогатиле на сметка на нивните имоти.

Во Косово нема голем број на странски инвестиции, а приштинските власти единствената капитална инвестиција ја започнаа со изградбата на автопатот од границата со Албанија до Мердаре.
Најголемиот прилив на пари пристигнуваат од сивата економија, криминалот, од царинските такси и дијаспората, која годишно испраќа околу 600,000 милиони евра.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1