Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во Македонија се дише најотровен воздух во Европа! Од загадениот воздух најмногу страдаат децата.
По тој повод Екоактивисти-Движење за чист воздух и Детската амбасада Меѓаши изработија видео со мото ,,ТИ ИМАШ ПРАВО НА ЧИСТ ВОЗДУХ! ЌЕ ПРЕЗЕМЕШ ЛИ НЕШТО?!”
Во соопштението испратено до медиумите се вели:
Само така заеднички можеме да го кренеме гласот во борбата за чист воздух. Сакаме да Ве потсетиме зоште е Важно.
– Како последица на аерозагадувањето секое второ дете страда од респираторни болести.
– Луѓето страдаат од низа на респираторни и кардиоваскуларни болести, состојби асоцирани со предвремено раѓање или генетски мутации на плодот
– Загадениот воздух е еден од најголемите фактори за смртност кај децата и тоа мора веднаш да се спречи.
– Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото. Секое второ болно дете се лекува од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух.
– Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена.
– Децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен.
– Децата во раниот детски развој се немоќни било што да сменат. Република Македонија како потписничка на Конвенцијата за правата на детето е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат!
БАРАМЕ ИТНО ПРЕЗЕМАЊЕ СООДВЕТНИ МЕРКИ ОД НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!!
Екоактивисти-Движење за чист воздух и Детска амбасада Меѓаши