Тимошенко обвинета за организирање убиство


timosenkoУкраинското Обвинителство ја обвини денеска поранешната премиерка Јулија Тимошенко за организирање убиство на пратеник во 1996 година, а ако биде утврдено дека е виновна би можела да биде осудена на доживотен затвор.
Тимошенко, која се наоѓа на издржување на седумгодишна казна затвор поради злоупотреба на власта, обвинителството ја информираше дека сега и формално е осомничена за учество во убиството на Евгениј Шчербан. Во нападот на Шчербан била убиена и неговата сопруга и еден аеродромски службеник.
Нејзиниот адвокат во меѓувреме предупреди дека нејзината здравствена состојба се влошила до ниво критична, јавија западни медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1