Тинејџер продаде бубрег за да плати долг


Осумнаесетгодишен Кинез по име Жанг продаде бубрег за да го плати долгот од три илјади американски долари на ривалот од компјутерска игра.

bubregЗа да ја исплати оваа висока сума и не само според кинеските стандарди, момчето одлучило да го продаде својот бубрег на илегалниот пазар на човечки органи. На интернет пронашол дилер со органи и договорил состанок, а потоа отишол на договореното место каде што потпишал документ со кој ја презема одговорноста за евентуалните последици од операцијата.

Неразмислувајќи за здравствените ризици во случај операцијата да биде неуспешна, тинејџерот легнал под скалпелот на хирург од подземје. За среќа, операцијата била успешна, а бубрегот е продаден за 6.500 американски долари.

Оваа сторија е објавена во рамките на истрагата што ја спровела кинеската полиција, којашто е во потрага на банда препродавачи на човечки органи во покраината Хебеи.

Според интернет страницата Havocscope. Специјализирана за прибирање информации за активностите на црниот пазар на човечки органи во 91 земја во светот, 6,500 долари е само 15 отсто од реалната цена на бубрег во Кина, каде што цената на овој витален орган достигнува и до 47 илјади американски долари.

За сличен случај кинеските медиуми пишуваа и во 2011 година, кога тинејџер го продаде бубрегот за да го купи тренди таблетот iPad 2 кој тогаш само што се појави на пазарот

Makfax

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1