Црн или бел леб??


Црниот и белиот леб се дел од нашата секојдневна исхрана и постојано сме во полемика кој е поздрав за консумација. Ако сте во сомнеж околу тоа кој леб треба да го јадете тука се некои упатства кои ќе ви помогнат полесно да одлучите…

Популарноста на белиот леб е несомнена и неговата употреба е доста голема. Белиот леб има подобри пекарски квалитети, но црниот леб има поголема хранлива вредност.

3604-3604-crnomanjasti-crni-hlebХранлива вредност

Лебот од полно зрно се нарекува грахам леб и на 100 грама има енергија од околу 200 kcal, а белиот леб има 240 kcal на 100 грама. Црниот пченичен леб е побогат со минерали од белиот леб од пченично брашно и неговата енергетска вредност е 222 kcal на 100 грама.

Црн леб

Овој тип на леб се распаѓа побрзо од белиот леб и ќе мора да го чувате правилно за да трае неколку дена, а воедно исто така да го задржи свежиот вкус и мирис.

Главно го консумираат дијабетичарите и луѓе на диета.

Лебот од пченица е богат со целулозни влакна, протеини, витамини од Б групата, железо, цинк и калциум.Целулозните влакна ја подобруваат работата на цревата и имаат превентивна улога во одбраната против рак на дебелото црево.

Најтемен е лебот од просо, потоа од ‘рж и од овес.

Сепак, црниот леб треба да го избегнуваат луѓе со стомачни проблеми. Исто така грахам лебот од интегрални зрна се препорачува во исхраната на дијабетичарите.

Бел леб

Белиот леб е со понеутрален вкус. Поволен е за луѓето кои имаат проблеми со надуеноста. Брашно за белиот леб е осиромашено и одбрани се делови од зрното без лушпа, која е богата со растителни влакна и протеини. Меѓутоа, вие на друг начин ќе внесете влакна во вашата исхрана и така таа ќе биде разновидна затоа не постои причина да не уживаат во овој леб.

Preventus.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1