Тинејџер во Кина уби 8 и рани 5 лица


Кинеската полиција го уапси тинејџерот кој со нож уби осум и рани пет лица, јавуваат тамошните медиуми. Нападот на момчето се случил синоќа, во провинцијата Лиаонинг, во североисточна Кина.

Тинејџерот кој се презива Ли, вчера вечер влегол во куќата на неговата девојка и по кратка расправија убил двајца нејзини роднини.

Откако ја напуштил куќата во округот Синбин, до смрт избодел уште шест лица, а уште пет ранил.
Полицијата го фатила напаѓачот и го уапслила. Мотивите за убиството сеуште се непознати.

Во Кина е забрането поседување и носење на огнено оружје и во последно време се почести се нападите со нож или мачета.

Бројот на убиства со ладно оружје е значително зголемен, и тоа најчесто во детските градиники и училиштата.Поради нападите, властите ја засилија безбедноста во училиштата каде што присуството на полицијата е задолжително.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1