13 годишно девојче кое тврди дека било силувано е обвинето дека во знак на одмазда извршило убиство на дете.
Девојчето тврди дека на почетокот на месецов било силувано во село во Утар Прадеш, Индија. Таа е обвинета дека го киднапирала 5 годишниот син на силувачот додека си играл, и потоа го обезглавила!
Полицијата почнала истрага за обвиненијата против девојчето за убиство, а го истражува и тврдењето за силување – пишува Дејли меил.
Според „Times of India“ девојчето изјавило дека било силувано од човек по име Ринку. Подоцна било пронајдено телото на неговиот син, завиткано во кеса.
Девојчето е префрлено во дом за деца а обвинетиот за силување е притворен додека да заврши истрагата.
– Треба да се има на ум дека девојчето е зависно од дрога и влегувало во проблематични ситуации и за многу небитни причини. Доаѓа од многу сиромашно семејство без никаква дисциплина и видена е како користи дрога. Но ќе се изврши фер истрага – изјавил полициски претставник, пренесува „Times of India“.