Ниел Клулоу има 50 години, ќелав е и носи брада, а од Велика Британија во Шпанија минатиот месец патувал со погрешен пасош – во кој на фотографијата е русокоса жена.
Тој тврди дека пред излегувањето од дома случајно го земал пасошот од неговата девојка. На аеродромот во Бирмингем за него немало дополнителни прашања поради пасошот, како ни во шпанскиот аеродром во Аликанте.
Грешката ја забележал дури пријателот кој патувал со него одлучил да ги спореди нивните фотографии.
– Пријателот и јас се шегувавме со нашите лоши слики во пасошите. Ја погледа мојата фотографија и ми рече – „Ниел, ти на оваа фотографија изгледаш многу подобро отколку во вистинскиот живот“, раскажа Клулоу.
Авионската компанија го обвини нивниот вработен за инцидентот и потврди дека му овозможиле влегување на летот со неисправен пасош.
Во тек е истрага, а Клулоу го замолиле да ја идентификува агентката која му дозволила да се качи, меѓутоа тој тоа го одбил и оттогаш не му се јавиле, пишува „Хафингтон Пост“.