Нема повредени македонски граѓани во пожарот во хотелот во Прага


Седумдесет гости, меѓу кои и ученици од Македонија ноќеска по полноќ, поради пожар биле евакуирани од хотелот „Топ” во Прага, јави дописникот на МИА.

Од Mакедонската амбасада потврдија дека нема повредени граѓани од Македонија.

500hotel_top_budovaСпоред официјалната информација на противпожарната бригада, огнот избувнал на петтиот кат од хотелот, во блокот Б, откако се запалил кревет кој бил сместен во ходникот. Пожарот кој веднаш бил изгасен, зафатил и уништил дел од теписите и ѕидовите во просторијата, а од чадот бил зафатен и шестиот кат од хотелот. Гостите безбедно биле евакуирани уште пред пристигнувањето на противпожарната единица.

Според соопштението на противпожарната служба, на едно лице, вработено во хотелот му било укажана здравствена помош поради вдишување на чад.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1