Тој ќелав, девојка му плавуша – а со нејзин пасош по грешка ја прошетал Европа (Фото)


Ниел Клулоу има 50 години, ќелав е и носи брада, а од Велика Британија во Шпанија минатиот месец патувал со погрешен пасош – во кој на фотографијата е русокоса жена.

kjelav pasosТој тврди дека пред излегувањето од дома случајно го земал пасошот од неговата девојка. На аеродромот во Бирмингем за него немало дополнителни прашања поради пасошот, како ни во шпанскиот аеродром во Аликанте.

Грешката ја забележал дури пријателот кој патувал со него одлучил да ги спореди нивните фотографии.

– Пријателот и јас се шегувавме со нашите лоши слики во пасошите. Ја погледа мојата фотографија и ми рече – „Ниел, ти на оваа фотографија изгледаш многу подобро отколку во вистинскиот живот“, раскажа Клулоу.

kjelav pasos2

Авионската компанија го обвини нивниот вработен за инцидентот и потврди дека му овозможиле влегување на летот со неисправен пасош.

Во тек е истрага, а Клулоу го замолиле да ја идентификува агентката која му дозволила да се качи, меѓутоа тој тоа го одбил и оттогаш не му се јавиле, пишува „Хафингтон Пост“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1