Познатиот хрватски пејач Тони Цетински јавно проговори за своите почетоци и сиромаштијата во која живеел.
Иако двајцата родители му се познати личности, тој вели дека предноста е само во тоа што тие знаеле добро во што влегува и го ценеле неговиот избор.
На почетокот на кариерата спиев на под во вреќа за спиење, потоа купив некој тросед на расклопување и плакар, но освен тоа немаше ништо друго во најмениот стан. Ни телевизор, ни кујна, ништо. Живеев и се хранев на улица, а во станот одев само за туширање и за спиење – раскажува Тони.