Хрватскиот пејал Тони Цетински денеска по трет пат кажа ДА и заплови во брачните води. Тој и неговата избраничка Дубравка се венчаа тивко во Лас Вегас.
Тони носеше цилиндер шапка и фрак, а на венчавката присутен беше и Елвис Присли – Односно еден од многуте имитатори на Елвис кои се неизбежен декор на свадбите во Лас Вегас. Тони од претходниот брак има 2 деца, а на Дубравка ова и е прв брак. На својот фејбук профил веднаш по венчавката напишала
„Невозможното стана возможно “