Нивото на морињата и океаните ќе нарасне за 1 метар. 1 метар…на светско ниво… Дали Амстердам би бил во друштвото на Атлантида??? Најверојатно…Стокхолм??? Можеби…
Да не ги набројуваме и другите градови… Ја доловивме поентата… Чисто информативно… цел стопен Гренланд го зголемува морското ниво за 7 метри.
Гренланд се наоѓа на северната полутопка, помеѓу Атлантскиот и Северниот Океан, зафаќа површина од 2.166.086 километри квадратни, од кои 83 % е ледена површина…или барем беше 83%.
Топењето на мразот на Гренланд е континуирано алармантно во последната
деценија. Секоја година количеството на стопена површина е поголема од предходната, меѓутоа 2010-та е апсолутно рекордна. Да го појасниме циклусот на топењето…
2010-тата топењето започна на почетокот на април. Заврши во средината на септември. 50 дена подолго од вообичаеното. Премногу. Зголемената летна температура на Гренланд достигна 3 степени повеќе од вообичаената просечна. Со тоа, се редуцираа врнежите на снег, снежната покривка се помалку се обновуваше, а со тоа се формираа црни дамки на веќе постоечката ледена површина. Црниот мраз, поради темната боја, полесно ги апсорбира сончевите зраци… и нормално…полесно се топи.
Топењето најчесто започнува на врвовите на големиот број на глечери, од кои е составен големиот арктички остров, формирајќи езера, реки и водопади кои полесно продираат во длабочината на мразот. Потоа, потенкиот мраз полесно се одделува од самиот остров и запловува како санта. Глечерот Петерман, е најизложен на вакви одделувања на санти мраз. Меѓутоа, последната година се издели парче со големина од 260 километри квадратни. Најголемо парче мраз видено досега.
Е сега, откако се потрудивме да ви појасниме каков е тој процес на топење, да ви ги предочиме и последиците. И тие се неизбежни. Доколку големиот Арктички остров продолжи да се топи, а предвидувањата се навистина страшни, до 2100-тата година нивото на морињата и океаните ќе нарасне за 1 метар. 1 метар…на светско ниво… Дали Амстердам би бил во друштвото на Атлантида??? Најверојатно…Стокхолм??? Можеби… Да не ги набројуваме и другите градови… Ја доловивме поентата… Чисто информативно… цел стопен Гренланд го зголемува морското ниво за 7 метри.
Каде ли ќе живеат жителите на Гренланд? 56000 жители има островот. Животинскиот свет??? И тој е во огромен проблем… Поларни мечки, лисици, биволи, фоки… Околу 2 милиони фоки има на Гренланд… Најпознатиот жител… Гренландскиот кит… ??? Што со нив??? Што со ланецот на исхрана???
Е овие се последиците на кои во првиот момент помислуваме… Меѓутоа, истражувачите и научниците гледаат уште подалеку и подлабоко. Ги согледале и предвиделе и секундарните последици.
Ладењето на морињата и океаните, ќе предизвика ладење на Голфската струја која се движи по Екваторот. Е, кога ќе се олади Голфската струја… не очекува вистинската катастрофа. Денешните урагани, цунами и разни невремиња би изгледале како детска играчка… Страшно…Тажно…
Најстрашните претпоставки одат до таму дека би се изместила рамнотежата на земјата, бидејќи не би била иста масата на северниот и јужниот пол, земјината оска би се исправила, а Земјата не би се движела по истата патека околу Сонцето… би отпатувала некаде…некаде далеку…
Има решение и за овој проблем. Да се намали и ограничи емисијата на штетните гасови, кои ја оштетуваат озонската обвивка. Дури и во ситуација во која штетните гасови би останале на ова ниво, можна е обнова на озонот. Се надеваме дека на некоја следна конференција ќе биде потпишана спогодбата за ограничување на емисија на гасови и ќе биден спасен Гренланд…ќе биде спасено човештвото…