Европејците секојдневно шмркаат по 356 килограми кокаин


Единствената научна соработка укажа на неколку важни факти за потрошувачка на дрога во Европа. Како што е соопштено од Институтот Руѓер Бошковиќ со користење на иновативен пристап кој се заснова на анализа на комунални отпадни води за прв пат е направена директна споредба на потрошувачка на дрога во 19 европски градови. Норвешкиот институт за истражување на вода во Осло и Институтот Марио Негри во Милано беа иницијатори на оваа студија, во која покрај хрватскиот институт учествуваа уште 13 научни институции од 11 европски земји.

Студијата вклучува анализа на избрани уринарни биомаркери на кокаин, амфетамини, екстази, метамфетамини и марихуана кај необработена комунална отпадна вода со што е прсметана нивната секојдневна доза во канализациониот систем во текот на седум последователни дена. Усогласената методологија за земање мостри, анализа и обработка на податоци овозможила директна споредба без оглед на градовите со различна големина како што се Загреб, Барселона и Лондон, а резултатите се објавени во научниот магазин „Science of the Total Environment“.Вкупниот дневната потрошувачката на кокаин во Европа се проценува на 356 килограми, тврдат од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал што претставува 10 до 15 проценти од вкупната светска потрошувачка. Стапката потрошувачка на кокаин е многу повисока во западна отколку во Источна и Северна Европа. Потрошувачката на метамфетамин е нерамномерно распоредена, но водечки градови во Северна Европа се Осло, Хелсинки и Турку. Таму потрошувачката на метамфетамин е околу триесет пати поголема отколку во повеќето други градови. Според истражувањето „трева” најмногу се дува во Холандија и Шпанија, а Загреб и Милано се на исто рамниште.

“Редовното следење на концентрацијата на дрога во отпадните води на национално и европско ниво има огромна важност за навремено откривање на можните промени во трендовите на злоупотреба на дрога во реално време. Таквиот пристап ќе создаде дополнителна основа за подготовка на планови за превенција, но и за следење на ефективноста на постоечките превентивни или репресивни мерки во однос на ова прашање “, се наведува во истражувањето.

Единствената научна соработка укажа на неколку важни факти за потрошувачка на дрога во Европа. Како што е соопштено од Институтот Руѓер Бошковиќ со користење на иновативен пристап кој се заснова на анализа на комунални отпадни води за прв пат е направена директна споредба на потрошувачка на дрога во 19 европски градови. Норвешкиот институт за истражување на вода во Осло и Институтот Марио Негри во Милано беа иницијатори на оваа студија, во која покрај хрватскиот институт учествуваа уште 13 научни институции од 11 европски земји.


Студијата вклучува анализа на избрани уринарни биомаркери на кокаин, амфетамини, екстази, метамфетамини и марихуана кај необработена комунална отпадна вода со што е прсметана нивната секојдневна доза во канализациониот систем во текот на седум последователни дена. Усогласената методологија за земање мостри, анализа и обработка на податоци овозможила директна споредба без оглед на градовите со различна големина како што се Загреб, Барселона и Лондон, а резултатите се објавени во научниот магазин „
ScienceoftheTotalEnvironment“.Вкупниот дневната потрошувачката на кокаин во Европа се проценува на 356 килограми, тврдат од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал што претставува 10 до 15 проценти од вкупната светска потрошувачка. Стапката потрошувачка на кокаин е многу повисока во западна отколку во Источна и Северна Европа. Потрошувачката на метамфетамин е нерамномерно распоредена, но водечки градови во Северна Европа се Осло, Хелсинки и Турку. Таму потрошувачката на метамфетамин е околу триесет пати поголема отколку во повеќето други градови. Според истражувањето „трева” најмногу се дува во Холандија и Шпанија, а Загреб и Милано се на исто рамниште.


“Редовното следење на концентрацијата на дрога во отпадните води на национално и европско ниво има огромна важност за навремено откривање на можните промени во трендовите на злоупотреба на дрога во реално време. Таквиот пристап ќе создаде дополнителна основа за подготовка на планови за превенција, но и за следење на ефективноста на постоечките превентивни или репресивни мерки во однос на ова прашање “, се наведува во истражувањето.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1