Четири града кои покрај официјалната имаат и своја валута


Доколку сакате да доживеете нешто ново, одете во еден од четирите града во Северна Америка каде освен државните долари имаат и сопствена валута.

Итача е првиот град во САД, кој создаде сопствена валута. Еден „Itacha Hours“ или итачки час, вреди коклу 10 американски долари, а може да се користи во повеке од  900 локации низ градот. Овие пари се пуштени во оптек во 1991 година а циркулираат 100.000 долари односно 10.000 итачки часа.

Второто гратче во кое жителите имаат свои пари е областа Беркшир во Масачусец.

Банкнотите „беркшерс“ прв пат се појавија во 2006 година, а на нив може да се видат познатите личности родени во Беркшир како авторот на „Моби Дик“, Херман Мелвил и познатиот социолог Дибоа.

Со 2,7-те милиони банкноти кои се во оптек, може да се пазарува во 400 продавници, книжарници, ресторани и бутици, а во менувачниците за 100 „беркширс“ ќе добиете 95 американски долари.

Овој проект е толку успешен што локалните власти се размислува за воведување на банкомати и тековни сметки.

Властите во Траверс сити во 2005 година решија да ги стават во промет заливските долари за да  помогнат на локалната економија.

Тие се украсени со цвеќе, цреши и печурки, а еден заливски долар вреди колку и еден американски долар.

Во оптек има околу 99.000 долари.


И Канадскиот остров од Солт спринг ајленд, како и неговите американски соседи има своја валута, Солт спринг долар.

Нивните долари ќе ги препознаете по тоа што на нив има планини, а еден Солт спринг долар вреди колку и канадскиот долар.

Канаѓаните издадос и посебно ограничено издание на пари кои ќе бидат за колекционерите кои овие долари ќе се повлечат од промет.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1