Регулаторната комисија за енергетика одлучи скопјани да ги грее „Балкан Енерџи Груп“, за Што е потпишан договор со „Топлификација“ за закуп на основните средствата потребни за производство на топлинска енергија
Новиот носител на лиценца има обврска да инвестира во основните средства износ во висина на годишната амортизација на основните средства со цел вредноста на истите да не се намалува и да ѝ плаќа закупнина во висина на одобрениот принос на капитал за оваа дејност. Во согласност со постојните акти на Регулаторната Комисија за енергетика изнесува околу 1 милион евра на годишно ниво.