Апелациониот суд во Скопје донел одлука со која Друштвото за снабдување Центар, фирма на Топлификација, мора да плати околу 2,5 милиони евра по тужба на извршителот Крум Коцарев, а во полза на неговиот клиент Те-То Скопје, кој побарува од Топлификација околу 4 милиони евра, пишува весникот Вечер.
Топлификација на фирмата ТЕ-ТО и должела околу 4.5 милиони евра бидејќи од неа земала топлинска енергија, ја испорачала на граѓаните, услугите ги наплатила ама парите ги нема, пишува весникот.
Топлификација која години наназад се жали дека работи со загуба нема толкави пари за да го плати долгот, што би значело блокада на сметката и фирмата, и сосема неизвесна судбина на работата на Снабдување -Топлификација во следниот период.