Почина 11-годишен ученик од Зеница, кој за време на големиот одмор се карал со другарите и паднал.
Несреќата се случила во училницата за време на одморот, по што момчето Х.М. паднало на земја.
Во тек е истрагата, а пред училиштето се собираат родители кои доаѓаат да си ги земат децата.
Директорот на училиштето „Муса Чазим Чатиќ“, Есад Чоровиќ, за босанскиот портал Абаз вели дека не може да каже ништо повеќе до крајот на истрагата.