Тригодишно дете ги застрела своите родители во САД, со пиштолот на неговата мајка, што детето го открило во нејзината чанта.
Во пукањето таткото бил погоден во задникот, а мајката во рамото. Двајцата се префрлени во болница каде се задржани на лекување, додека детето било ставено под надзор на социјалните служби
Инцидентот се случил во американскиот град Албукерк, во сојузната држава Њу Мексико во куќата на семејството, собрано во нивната дневна соба.
Малото момче го барало во чантата АјПодот на неговата мајка, но таму го пронашло нејзиниот пиштол. Од оружјето во неговите раце сосема случајно бил испукан еден куршум, што прво го погодил таткото, а потоа и мајката која е бремена во осмиот месец.
Малечката сестра на детето, која исто така била во собата, останала неповредена.
Двајцата родители изјавиле пред полицијата дека не знаат како можело да се случи толку мало дете да испука куршум од рачното оружје, но Обвинтелството на оваа американска сојузна држава испитува дали да подигне обвинување против таткото и мајката за несовесност и негрижа кон нивните деца.
Во декември минатата година една жена беше убиена во несреќен случај, во сојузната држава Ајдахо од нејзниот двегодишен син. Инцидентот се случи во локален супермаркет со пиштолот што детето го пронашло во чантата на неговата мајка, додека таа со него пазарувала.