Двајца браќа близнаци на возраст од 30 години загинаа во сообраќајната несреќа што попладнево околу 17 часот се случи во населбата Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи, пренесува Плусинфо.
Тие беа патници во возило „рено 19“ што директно се судри до автобус на ЈСП број 24.
Една од патничките во автобусот се пожалила на полесни повреди.
Од МВР информираат дека увидот се уште е во тек и засега не може да се каже кое се причините за несреќата.