Двегодишната Бријана Флорер била на гости кај своите баба и дедо кога одеднаш лицето и помодрело и почнала да плука крв.
Девојчето било веднаш однесено во болница но докторите не успеале да ја спасат.
Според докторите девојчето голтнало малечка батерија.
Докторите изјавиле дека ја оперирале скоро два часа но не успеале да го сопрат крварењето. Докторите веруваат дека батеријата почнала да испушта киселина со која и била оштетена главната артерија.
Бабата и дедото изјавиле дека незнаат кога девојчето ја голтнало батеријата. Се пртепоставува дека во текот на тие неколку дена додека била на гости кај своите баба и дедо во Оклахома, САД, девојчето ја голтнала батеријата.
Фамилијата на девојчето сега собира средства за да го платат погребот на девојчето. Тие се надеваат дека ќе успеат да соберат 7500 долари колку што се потребни за да се подмират сите трошоци.