Трагедија: Му паднало сандалчето во бара – 6 год дете гледало како му се дави братчето


Четиригодишниот Стеван Матиќ од селото Остружањ се удавил во вир длабок 5 метри, пред очите на својот шестгодишен брат Дејан кој се обидел да го спаси.

stevan-matic-dejan-matic-davljenje-udavio-se-1401395222-506581Несреќата се случила на 300 метри од семејната куќа, кога малечкиот Стеван се обидел да ја извлече сандалката која му паднала во вода.

-Тој проклет вир е скоро ископан за да може со таа вода да ги наводнуваме малините во градината. Децата никогаш пред несреќата не си играле таму. Секогаш си играа на патот, блиску до куќата или во соседството.

За несреќа, никој не видел кога Стеван и Дејан отишле со петгодишните близанци Предраг и Ненад, кои живеат блиску до нас, до тој вир, вели за српски Курир, бабата Стоја која е скршена од болка. Таа вели дека постариот Дејан и рекол дека со Стеван шутирале камчиња кога нему сандалата му паднала во вода.

stevan-matic-dejan-matic-davljenje-udavio-se-1401395222-506577-Бидејќи е стрмно детето се лизнало додека се обидувало да ја извади сандалата и паднало во вирот. Децата испаничиле, но Дејан се обидел да го спаси! Му поддал стап и тој за момент се фатил за него, но набрзо потонал. Повеќе му немало спас.

Први на помош пристигнале соседите, но на детето му немало спас. Поради заметеноста на вирот, телото на удавеното дете е пронајдено дури откако со пумпи е извлечен голем дел од водата.

-На дното го пронајдовме неговото тело. Ова е голема трагедија. Беше добро и послушно момче. Направивме се, ама на детето му немаше спас. Многу време изгубивме на испумпувањето, ама детето не го спасивме, вели соседот.

Настраданиот Стеван денеска ќе биде погребан во селото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1