Трагедија: Пешак усмртен во Ѓорче Петров


Маж почина утринава откако во него удрило комбе во скопски Ѓорче Петров на раскрсницата со улиците „Ѓорче Петров“ и „Мајски Манифест“.pukanje-gjorce-604x272

Од полицијата информираат дека сообраќајната несреќа се случила околу 6:20 часот утринава, кога комбе „Фиат Дукато“ со гостиварски регистерски таблички управувано од 40- годишниот А.Ј. од Гостивар удрил во пешакот.

Од здобиените повреди 76 годишниот скопјанец Благоја Н. Починал на лице место.

На местото на несреќата се уште се врши увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1