ТРАГЕДИЈА: Прилепчанец загина во пожар во семејната куќа


Вчера 13,00 часот во село Ерековци-Прилеп, во куќата сопственост на 76- годишен Д.Н, од засега непознати причини настанал пожар.

Од страна на месното население и екипа пожарникари-Прилеп пожарот е изгаснат и пронајдено е мртвото тело на Д.Н.

Смртта ја констатирал лекар од ИМП.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица – Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1