Во стампедо повредени десетици навивачи на Јувентус


Според последните информации што ги објавија италијанските медиуми нема потешко повредени лица.

Неколку десетици навивачи на Јувентус кои синоќа на плоштадот во Торино го следеа финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид се повредени во стампедо предизвикано од експлозија за која се уште не е утврдено од што била предизвикана.

Паниката на плоштадот „Сан Кало“ настана кога се слушна силна експлозија по која луѓето почнале да бегаат на сите страни.

Според последните информации што ги објавија италијанските медиуми нема потешко повредени лица.

Се претпоставува дека детонацијата потекнува од силна петарда и дека не се работи за терористички акт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1