УХМР: Можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици


– Секторот за хидрологија при УХМР и денеска предупредува на можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици во делови од сливовите на реките од истокот, југоистокот и северозападот поради најавите за временска нестабилност и поројни врнежи.

Воедно препорачува внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

– Утрово најголемо покачување на водостоите е забележан на ХС Сушево на реката Струмица со 66 сантиметри и ХС Катлановска Бања на реката Пчиња со 21 cантиметар. Кај другите мерни станици од каде добиваме дневни информации имаме мали промени на водостоите, информира Секторот.

Соодветно на паднатите врнежи, локално, очекувано е на одредени помали водотеци да имало и поголеми промени на водостоите, па и локални излевања и тоа во сливовите на реките од истокот, северот и југот на Македонија.

– Водата од горните текови брзо се пренесува во долните текови. Во меѓувреме, водосотојот на реката Струмица кај Сушево веќе е во опаѓање. Во 11 часот изнесувал 116 cантиметри што е намалување за 30 cантиметри, стои во соопштението од УХМР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1