ВАРДАР Е ШАМПИОООНННН НА ЕВРОПА


Вардар во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Откако ја скротија опасната Барселона во полуфиналето, ракометарите на Вардар на неверојатен начин ја крунисаа европската одисеја и го совладаа страшниот ПСЖ 23-22

Македонскиот ракометен шампион Вардар е нов европски шампион, откако во финалето на завршниот турнир во Келн го совлада ПСЖ со 24:23 „Црвено – црните” одлично го одиграа првото полувреме во кое на два пати имаше предност од три гола.

Вардар подобро влезе во натпреварот и по почетниот резултат 2:2, македонскиот првак успеа да создаде предност од три гола (5:2 во 12.минута).

По тајм аутот кој го побара тренерот на ПСЖ, Сердарушиќ, францускиот шампион постигна два гола, но Вардар во 20.минута ја врати предноста од три гола (7:4).

„Црвено-црните“ во 25.минута водеа 8:6, кога ПСЖ со влегувањето на Нарсис максимално ја забрза играта во нападот, во 28.минута беше 10:10, а на 45 секунди до крајот на полувремето Степанчиќ од контранапад погоди за прво водство на ПСЖ 11:12, по почетните 0:1 и 1:2.

Блескаат голманите во првиот дел, Штербик на голот на Вардар има шест, а Омејер на спротивната страна седум интервенции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1