РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО: Вардар е нов европски шампион – по инфракт завршница


Ракометарите на Вардар се нови европски шампиони. Нашите ракометари во финалето во инфаркт завршница го совладаа ПСЖ со 24:23.

Победничкиот гол го постигна Иван Чупиќ на само две секунди до крајот на мечот.

Мечот во „Ланксес Арената“ започна со по еден неискористен напад на двете страни, Абало ја загуби топката а Вуко Борозан биеше покрај голот.

 

За првпат сезонава после 18 минути игра страшниот ПСЖ беше задржан на само 4 постигнати гола, а најголем „виновник“ за таквиот епилог беше смиреноста на Штербик кој одбрани и пенал.

Во самиот финиш од првиот дел направија серија од 4-1 и по долго време резултатот беше 12-11. Вардар во најголемиот дел беше во предност

Во првиот дел Дибиров даде 3 гола, Чупиќ 2, а Циндриќ, Душебаев, Марсениќ, Шишкарев, Канељас и Борозан по 1. Кај ПСЖ најефикасни во првото полувреме беа Карабатиќ со 3, а Хансен, Лук Абало и Ремили дадоа по 2 гола.

 

Неверојатен момент се случи во 44. минута од мечот кога тренерот на ПСЖ одлучи да игра без голман што Вардар го искористи со два погодоци од гол на гол, прво Илија Абутовиќ а потоа и Шишкарев за водство 20-17!

 

Еуфорија во салата предизвика „бомбата“ на Вуко Борозан за 23-21 за Вардар!

На 90 секунди пред крајот Лука Циндриќ јуначки тргна сам на цела одбрана на ПСЖ после што Лука Карабатиќ го фаулираше и заработи исклучување. До крајот Вардар имаше гол предност и играч повеќе на паркетот.

Славјето на Вардар во финишот се обиде да го спречи ветеранот Нарцис кој на 7 секунди израмни 23-23 но Цупиќ во последната секунда од крило најави луда прослава и Вардар на врвот на ЕВРОПА!! 24-23!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1