Најмалку шест загинати, 30-тина повредени во судир на патнички воз и двокатен градски автобус во Отава, Канада.
Сите жртви биле патници во автобусот.
11-мина од повредените се наоѓаат во критична состојба.
До несреќата дошло кога автобусот тргнал преку железничката пруга и покрај спуштената рампа на преминот и звучната сигнализација на возот.
Дел од медиумите jавија дека патниците викале по шоферот да застане, други пак забележуваат дека рампите на преминот стојат кренати и дека се неоштетени, па можно е тие воопшто и да не биле спуштени во време на несреќата.