Неколку часа по тројното убиство во Кавадарци, полицијата успеала да го приведе осомничениот, четириесетгодишен Т.С на граничниот премин Богородица.
Според неофицијалните информации, дознаваме дека се работи за поранешен вработен во Единицата за брза интервенција – Алфи, објавува Вечер.
Четирисетгодишниот кавадарчанец во петокот се развел од сопругата. Денеска, додека таа била на работа ги убил нејзиниот татко, мајка и сестра ѝ, најверојатно во домот на сега починатите.
Во 16.00 часот во полициската страница во Кавадарци, Д.С. пријавила дека нејзиниот сопруг Тони Станоев (40) во куќата на нејзините родители во Кавадарци на улицата „Зелен Пазар”, со пиштол ги усмртил нејзиниот татко Илија (61), мајка и Билјана (56) и сестра и Снежана Леови (33).
Сопружниците биле родители на две деца – едно девет, а другото седумгодишно.
Убиени се 61-годишниот Илија, 56 годишната Билјана и 33 годишната Снежана, инаку балдска на осомничениот.
Убиството во полициска станица го пријавила сопругата на Тони, Д.С. Тој е во бегство и полицијата, освен по него, трага и по оружјето со кое се извршени 3-те убиства. Куќата во моментов ја обезбедува полицијата, а се чека надлежен јавен обвинител за да почне увидот.
Неофицијално се дознава дека тие долги години имале нарушени односи но се уште не се знае кој бил точниот мотив за тројното убиство.
Итната помош кога дошла во куќата констатирала смрт кај две лица , додека третото починало во болницата кратко време откако било примено