Трагедија во кочанско: Загина 2 годишно дете


Две годишно дете го загуби животот во кочанското село Оризари вчера попладне. Надлежните и локалните жители час и половина трагале по неговото тело под урнатините.policija grb oznaka

Несреќата се случила кога во куќата сопственост на А.Т. и С.Т. се скршил гредоредот од руинираниот дел од куќата (врз кој имало земја) и паднал над нивниот двегодишен син, потрупувајќи го.

Екипи од полицијата, противпожарната и итна медицинска помош заедно со локалното население трагале по детето, по што истото во 15.30 часот било пронајдено починато.

Смртта била констатирана од страна на доктор, а телото на починатото момче било оставено на семејството за погреб.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1