Трагедија: Почина момчето кое доби струен удар на станицата во Велес


Четиринаесет годишниот Б.К. денес им подлегна на повредите во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Малолетникот не ги преживеа тешките повреди и изгореници со кои се здоби пред десетина дена на железничката станица во Велес откако ги допрел жичиците низ кои тече електронапојувањето потребно за движење на возовите.gradska-520x311

Како што дознава Курир момчето денес им подлегнало на повредите во скопската болница.

Медиумите известуваа дека Б.К. со две другарчиња биле на станицата и имале намера да се фотографираат на вагоните. Во еден момент тој се качил на еден од товарните вагони и ги допрел жиците, се здобил со струен удар од околку 25.000 волти.

Неговите другари веднаш повикале помош, по што Б.К. итно беше пренесен на скопските клиники.

Kurir.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1