Трагедија: Во сообраќајка кај Градско загинаа мајка и 4 годишно детенце


Попладнево околу 17 часот на автопатот Градско – Велес се случи тешка сообраќајна несреќа во загинале две лица, потврди МВР.Две лица меѓу кои едно 4 годишно дете го загубиле животот во страшната сообраќајна несреќа која денеска нешто по 17 часот се случила на патот Градско – Велес, дознава Press24 од неофицијални извори.

Според сведоците на настанот автомобил налетал на две товарни возила, кои имале сообраќајна незгода и се наоѓале на коловозот. Возачот од непознати причини не ги видел и со десната страна од возилото удрил во камионите, јавува Лидер.мк

Фото -Лидер.мк

Фото -Лидер.мк

Од ударот на лице место починале неговата сопруга родена 1981 година и четиригодишниот син кој седел на задното седиште.

Сообраќајот на делницата Градско – Велес е во прекин и возилата се пренасочуваат по стариот, заобиколен пат.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1