Време: Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

oblaci mk2

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

И в четврток ќе се задржи променливо облачно, ветровито и свежо, а потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1