Страшна семејна трагедија се случила во селото Цветојевац во близина на Крагујевац.
62-годишниот Милосав Живковиќ ја убил сопругата Љиљана (67), а потоа извршил самоубиство.
Како што дознава српски Курир, Милосав сопругата ја убил со удар со чекан во глава, а потоа сам себе си нанел смртоносен убод со нож во врат.
Нивните тела се пронајдени утринава од страна на соседите.