Двајца студенти од Индија загинаа денеска при пожар во студенсткиот дом при Медицинскиот универзитет во рускиот град Смоленск, соопшти Министерството за вонредни состојби на Русија.
Причините за пожарот, кој избувнал рано изутринава на четвтиот кат од шесткатната зграда на студенскиот дом, засега не се познати.
Како што јави Танјуг, поради пожарот од зградата биле евакуирани околу 200 лица.