Велешанка преживеала хорор во Скопје: Ја однел во неговиот дом, ја натерал да се избања, па ја нападнал


Велешанката А.А.(46) од велешкото село Црешево, вчера во полициската станица Гази Баба пријавила дека истиот ден околу 16,00 часот во Скопје, додека чекала автобус на Бит Пазар и се доближило непознато лице и ја прашал каде ќе оди, по што таа одговорила дека не се чувствува добро и ќе оди во населба Драчево, а тој се качил со неа во автобус.siluvanje500

Откако двајцата слегле во село Трубарево каде што живеело лицето ја натерал да се избања, а потоа физички ја нападнал барајќи од неа да прави се што ќе и кажел.

Потоа и го зел мобилниот телефон и со сила ја однел до автобуската станица во село Трубарево, по што А.А. го пријавила настанот.

По кратко време бил приведен Ш.М. (32) и се работи на целосно расчистување на случајот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1