Дванаесет годишно дете од тетовската населба Дреновец, вчера попладне без знаци на живот било донесено во тетовската болница.
Од СВР Тетово информираат дека детето се обидело да отвори металната шибер-врата во дворот на фабриката „Солидпласт“ во Непроштено, каде стигнало со возило аедно со неговиот дедо и уште едно друго лице. Додека дедото го паркирал возилото, вратата наеднаш се откачила, паднала врз детето и му нанела тешки телесни повреди, од кои на пат за болница починало.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местото на повредувањето, кое е фотодокументирано, а подигнати се и траги за вештачење.
Се работи на целосно расчистување на сите поединости поврзани со случајот, додека по барање на семејството, безживотното тело на детето е предадено за погреб.