Трагедија во центарот на Скопје: Едно лице загина, две повредени (ФОТО)


Пешак почина на лице место откако во него удри мотоцикл на кој се возеле две лица.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар. Возачот и совозачот се повредени и едниот е пренесен во Ургентинот центар, а другиот во Градската болница.

Од СВР Скопје за „Република“ велат дека увидот на полицијата и на јавниот обвинител се уште се во тек и засега нема информации за идентитетот на жртвата, ниту пак за степенот на повреди на двете лица од  мотоциклот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1