Трагедија во Црна Гора – 4 момчиња загинаа спасувајќи другар од бунар


bunar

По несреќата со туристичкиот автобус во која загинаа 20 лица, нова несреќа се случи во Црна Гора.

Во населбата Добра Вода во Бар, смртно страдале четворица млади, за време на чистење на бунарот. Извори од полицијата за медиумите потврдил дека четворицата млади луѓе загинале додека го чистеле бунарот.

Едниот од нив имал 29 години, другиот 19 додека пак возраста на другите двајца не е позната.

Според тврдењето на полицискиот извор, во бунарот бил синот на сопственикот на куќата, кој започнал да се гуши, па на помош скокнале другите тројца.

Се задушиле сите четворица, а како причина за несреќата е јаглероден моноксид.

Скај

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1